Левото крило на шведската репрезентација и на Фленсбург, Хампус Ване, имаше две причини за радост минатата недела.
Тој со Шведска славеше во финалето на Европското првенство во Унгарија и Словачка и освои златен медал.
Но, имаше и приватна причина плус за славење минатата недела, која веројатно ќе ја памети целиот живот.
Неговата девојка, Даниела Густин, одговори потврдно на неговата понуда за брак, па среќниот пар ги сподели убавите вести на Инстаграм.
Густин исто така е ракометарка и настапува за данскиот тим Сондерјиске, откако претходно ги носеше дресовите на Хорсенс и шведскиот Савехоф.
View this post on Instagram