Екипата на Штутгарт каде што настапува македонскиот интернационалец Жарко Пешевски оствари домашна победа во натпревар од 22. коло во Бундес лигата против Бергишер од 27:26.
Пешевски беше дел од тимот на овој натпревар и придонесе со два погодоци во победата, а имаше едно промашување. Мулер со девет и Лон со пет гола беа најефикасни во победничкиот тим.
Штутгарт имаше добар старт на мечот, поведе со 5:1, а на полувреме замина со водство од 15:12. На осум минути до крај имаа шест гола позитива но Бергишер во финишот стигна до минимален пораз.
Штутгарт ја прекина серијата порази и со овие два бода избега од зоната на испаѓање. Во следното коло Пешевски и Штутгарт ќе се сретнат со Вецлар на Миркуловски на домашен терен.