Данската голманка Рике Шмит ќе продолжи да игра ракомет и по пауза од шест години повторно потпиша договор со данскиот Хорсенс. Договорот е со важност до крајот на сезоната.
Хорсенс има проблеми на голманската позиција откако Клаудија Ромпенс заради потрес на мозокот ќе биде надвор од тимот подолг период. Екипата ја повика на помош Рике Шмит која ја прифати понудата да се врати на терените.
Со репрезентацијата на Данска, Шмит е двократен освојувач на златен медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 и Атина 2004 година. Претходно официјален крај на кариерата стави во 2013 година.