Ракометарите на Металопластика од Шабац реванш натпреварот против Алингсас во рамките од Европскиот куп ќе го одиграат во соседниот град, Сремска Митровица.
По скоро 42 години, Металопластика повторно е соочена да игра надвор од нејзиниот терен поради тоа што им е забранет пристап во спортската сала „Зорка“.
Ваквата ситуација за ракометниот бренд од Шабац кој два пати беше победник во Лигата на шампионите е крајно непријатна. Поради тоа, раководството на клубот одлучи влезот за овој натпревар да биде бесплатен за сите посетители.
Во првиот дуел, Алингсас триумфираше со шест гола разлика, 29:23. Реванш натпреварот е закажан за утре со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Пинки“ која има капацитет до 3000 гледачи. Победникот од овој двобој патува во второто коло од Европскиот куп.