Двобои во Битола и во Прилеп за нови суперлигашки возбудувања

Иако за денеска се предвидени само две средби од 4. коло од Супер машката лига, сепак, и на двете се очекува интересна пресметка.

Еурофарм Пелистер 2 со добрата форма влегува како фаворит на хартија против тимот на ГРК Тиквеш. Тоа ќе треба да се оправда на терен каде што сигурно битолчани ќе имаат што да покажат.

Што се однесува до составот на ГРК Тиквеш имаше лош старт и ќе мора да надоместува. Ова е тешко гостување за тоа, но ќе мора да се крене нивото на играта доколку се сака битка за опстанок.

На вториот меч составот на Прилеп ќе игра против Младост 1977 и ова се очекува да биде дуел на кој ќе решаваат нијанси. Прилеп е без Чурлевски кој го напушти тимот, но ќе мора да се обезбеди игра со која ќе се дојде до нови бодови.

Младост веќе покажа дека игра многу подоро на домашен терен отколку во гости, па останува да се види како ќе се одвиваат работите вечерва во Прилеп.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ПОНЕДЕЛНИК, 21 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

20:00ч

ПРИЛЕП – МЛАДОСТ 1977

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ЧЕТВРТОК, 24 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ  е слободен

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126