Нов светски владател е репрезентацијата на Холандија која славеше во финалето на Мундијалот во Јапонија против селекцијата на Шпанија со 29-30.
Светската ракометна федерација по финалниот напревар го објави идеалниот тим, а во него имаше место и за две пораншени ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Камила Херем.
Покрај нив, место во идеалниот тим имаше за шведскиот пикер Лин Блом, на бековските позиции најдобри се Александрина Барбоса Кабрал од Шпанија, Естевана Полман од Холандија и Ана Вјахирева од Русија, а најдобар голман е Тес Вестер од Холандија.
Полман беше избрана и за МВП на Мундијалот, додека најдобар стрелец е Луис Абинг со 71 постигнат погодок, од кој последниот и донесе златен медал.