Тимовите на Турингер и Подравка, каде што настапуваат двете македонски репрезентативки, Јована Саздовска и Елена Ѓорѓиевска, обезбедија место во четвртфиналето на ЕХФ Купот на коло пред крајот од групната фаза.
Турингер на домашен терен триумфираше убедливо со 40-24 над чешкиот Мост, а Саздовска постигна три погодоци.
Подравка беше подобра од романскиот тим Магура Чиснадие со 29-31, а Ѓорѓиевска не се запиша во листата на стрелците.
Со овие победи, двата тима го потврдија местото во следната фаза, без разлика на резултатите од последното коло во групите.