Две ракометарки кои во минатото го носеа црвено-црниот дрес на Вардар ја продолжија својата кариера во Турција и се најдоа во тимот на сезоната.
Алена Ихнева која настапува на Коњалти со македонските итернационaлки Гакидова и Јанеска е избрана за најдобар лев бек во првeнството на Турција.
Јованка Радичевиќ и понатаму игра одлично и во тимот на сезонaта на позицијата десно крило.
Кастамону е новиот шампион на Турција од чија екипа во идеалниот тим има четири ракометарки, додека македонските интернационалки со Коњалти завршија на 4. место.
View this post on Instagram