Пред големото дерби од македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер имаше мала свеченост.
Почесниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, им додели плакети и врамени дресови на двете легенди на „црвено-црниот“ тим – Стојанче Стоилов и Борко Ристовски.
Двајцата на крајот на минатата сезона ги завршија богатите и успешни кариери, но решија да го продолжат својот ракометен пат во клубот каде што прекинаа со активното играње.
Ристовски сега е извршен директор, додека Стоилов е асистент тренер и дел од стручниот штаб на Владо Недановски.
Михајловски потенцираше дека од една страна му е жал двајцата ставија крај на играчките кариери, но од друга страна е среќен што останаа во Вардар во поинакви улоги.