Два трилера – голманите во главна улога: Дупјачанец и Даниловски ги спасија Металург и Охрид (ВИДЕО)

Денеска се одиграа два натпревари од плеј-офот во Суперлигата, и двата завршија реми. Иако лесно можеше да се случи и Струга и Бутел Скопје да забележат победи над Охрид и Металург, сепак голманите на гостинските екипи беа во главната улога во финишот натпреварите. Никола Даниловски му одбрани пенал на Богдан Николиќ на десетина секунди до крајот, додека Даниел Дупјачанец го спречи ударот на Душан Трифковиќ во последните секунди од мечот. Погледнете.....