Екипата на Емсдетен каде што настапува интернационалецот Дарко Димитриевски во втората Бундес лига беше убедливо поразена на гостувањето кај Гросвалштад со 35:26.
Дарко Димитриевски беше дел од тимот кој настапи на овој дуел и за времето поминато на терен успеа да постигне два гола, а исто така имаше и три асистенции.
Емсдетен беше немоќен на овој натпревар и постојано беше во негатива, на полувреме губеа 16:12, а до крај на натпреварот доживеаја убедлив пораз од девет гола.
Со овој пораз Емсдетен останува во зоната на испаѓање на 19. позиција на пет кола до крај и им претстои тешка борба за опстанок во втората Бундес лига. Во следното коло Димитриевски и Емсдетен гостуваат на Хутенберг.