Покрај заразените играчи во три суперлигаши КЛ7, Радовиш и Струга, на листата на оние што најмалку десетина дена ќе бидат во изолација се и двајца тренери и еден ракометен судија. Сите биле позитивни, со благи симптоми или без симптоми, но сепак ќе мораат да минат извесен период во изолација.
Ракометната федерација на Македонија реши две недели да го стави во мирување првенството во Супер лигата во групата каде појавија заразените ракометари и членови на тимот. Во таа група се екипите на: КЛ7, Радовиш, Струга, Јуниор Кисела Вода, Пролет, Охрид и Астраион. Таа група своите натпревари ќе почне да ги игра на почетокот на октомври. Претходно сите играчи ќе бидат повторно тестирани.
Тренерите што се заразени потекнуваат од два различни тима, и покажале симптоми, односно биле позитивни на тестирање направено пред различен натпревар, односно не биле поврзани меѓусебе. И двајцата биле со лесна клиничка слика, исто како и ракометниот судија. Оние што немаат симптоми, а тестот им бил позитивен ќе треба да бидат во изолација 10 дена и ќе мора да направат еден негативен тест. Другите ќе мораат да имаат два негативни теста.
Сите екипи од оваа група повторно направиле тест, односно оние кои немаат пријавено заразени за да се избегне моментот на ширење на вирусот. Во екипата на КЛ7 ова е вторпат да се појави вирусот. Сега покрај 13 играчи има заразено и тројца членови на стручниот штаб. Стружани успеаја да со „одбранат“ летово додека траеше турнирот во нивниот град, но по почетоко на првенството вирусот влезе меѓу нив.
И од тимот на Радовиш потврдија дека на тестирањето по дуелот со КЛ7 позитивни биле двајца нивни членови но без симптоми.