Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва за следната сезона донесе нови засилувања. Станува збор за двајцата ракометари од Кина, Куан Ванг и Се Цинлун.
Куан Ванг настапува на голманската позиција, додека Се Цинлун, кој има 21 година, игра на позицијата пикер.
29 годишниот голман има искуство со играње во СЕХА лигата. Со тимот на Универзитет настапуваше во регионалното натпреварување во сезона 2019/2020, а краток период беше меѓу стативите на Загреб.
Пред две сезони стана првиот кинески реализатор во Лигата на шампионите откако успеа да постигне гол на празна мрежа, во натпревар против ПСЖ.
Претходно ЦСКА Москва го ангажираше и екс ракометарот на Вардар, Даниел Шишкарев, а до старот на новата сезона раководството на клубот треба да донесе уште неколку засилувања.