Унгарскиот гигант Веспрем овој викенд со атрактивен турнир ќе прослави 45 години од своето постоење.
Дел од прославата ќе биде најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ќе им судат на Веспрем, Кил, Келце и Фленсбург.
Прославата ќе трае од 26 до 28 август, натпреварите ќе се играат утре и задутре во вечерните термини.
Покрај македонската двојка, на турнирот ќе судат уште и чешките арбитри Хорачек и Новотни.