Тимот на Ал Наџма од Бахреин ја освои титулата на Азиското клупско првенство, откако славеше во финалето против Ал Духаил од Катар со 31-30.
Во составот на Ал Наџма се двајца поранешни ракометари на Вардар – десниот бек Куни Моралес и кружниот напаѓач Вук Лазовиќ.
Финалето меѓу Ал Наџма и Ал Духаил го судеше најдобрата судиска двојка – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Третото место во Азија го освои екипата на Ал Рајан од Катар, која во битката за бронза го победи составот на Казма од Кувајт со 33-26.
За Ал Рајан на овој турнир играа екс десниот бек на Еурофарм Пелистер, Усама Хосни и поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан.