Двајца вардарци во изборот на најдобри погодоци во СЕХА за ноември (ВИДЕО)

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го објави изборот на најдобрите пет погодоци, а два од нив се на ракометари од шампионот Вардар.

Станува збор за Димитар Димитриоски, кој имаше одличен погодок против Војводина, и за Русинот – мајстор за вртенки Тимур Дибиров.

Тој стрелаше против украинскиот првак Мотор Запорожје, а во изборот покрај вардарците се најдоа и Милан Милиќ од Металопластика, Милош Грозданиќ од Војводина, како и Микита Ваилупау од Мешков Брест

Погледнете…