Двајцата Македонци недоволни за Ваљадолид

Екипата на Ваљадолид во натпревар од 25. коло во Асобал лигата беше убедливо поразена од Ла Риоха со 37:28.

Победникот на дуелот беше познат уште по првото полувреме, кое заврши со предност на домаќинот од 20:11.

Двајцата интенационалци од Македонија во Ваљадолид, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски се покажаа во солидно светло на денешниот дуел.

Велешанецот Димитриевски беше најдобар во поразениот табор, имаше 100% реализација од пенали, пет од пет, и дуелот го заврши со шест погодоци.

Димитриоски одигра без грешка и постигна три погодоци од исто толку обиди.

Ваљадолид на табелата во Асобал лигата се наоѓа на 14. позиција, односно во опасната зона за испаѓање.