Некогашниот вардарец Оливие Њокас, кој во моментов е член на Олимпијакос, би можел да се пресели во Романија заедно со уште еден поранешен член на Вардар, Патрик Валчак.
Како што пишува романскиот „ГСП“, Стеауа Букурешт која треба да има буџет од најмалку еден милион евра, веќе ги има договорено двајцата екс ракометари на македонскиот тим.
Покрај Њокас и Валчак, романскиот медиум пишува дека договорени се двајцата поранешни ракометари од Металург, Лука Мраковчиќ и Никола Ивановиќ, потоа Ајденас Малашинскас, Андреас Нилсен, Андреј Бузле…
Стеауа посакува да биде конкурент за домашните трофеи на Динамо Букурешт, а по теркот на женското градско дерби меѓу Рапид и ЧСМ, Букурешт ќе гледа и добар машки ракомет.