ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Пред три години, Вардар вторпат ја покори Европа!

Пред три години на 2 јуни, тимот на Вардар вторпат во клупската историја стана европски шампион. Во големото финале, вардарци предводени од Роберто Парондо, славеа над унгарскиот гигант Веспрем со 27-24. Иако Вардар беше аутсајдер и против Барса и против Веспрем, сепак на крајот успеа да го подигне трофејот. Карачиќ беше прогласен за МВП на Ф4 турнирот, а најдобри стрелци кај Вардар беа Мораес со шест и Чупиќ со пет гола.