Големиот спортски фестивал во Пореч беше прилика за панел-дискусија на тема „Колку регионалната СЕХА лига ја подигна конкурентноста на клубовите. Хрватските медиуми пишуваат дека без оваа лига, Вардар немаше да стане два пати шампион на Европа.
„Многумина веруваат – да не беше направена оваа лига, никогаш Вардар немаше да стане двократен европски првак. Тоа лесно се докажува. Со должна почит кон Македонците на ентузијазмот во ракометот, само натпреварите во домашниот шампионат не би биле доволна подготовка за средбите со најсилните европски екипи, а камоли па за победи над нив. Поготово со составот кој ни оддалеку не беше најсилен во Европа“, пишува „Вечерни лист“.
Членот на извршниот комитет во ЕХФ, Божидар Ѓурковиќ, има исто такво тврдење.
„Екипата на Вардар низ натпреварите во СЕХА го стекна искуството за двобоите во Лигата на шампионите. Со дуелите од регионалната конкуренција, подготовката е посилна пред ЛШ“, објасни Ѓурковиќ.
Вардар е петкратен шампион на СЕХА, додека двократен во Лигата на шампионите.