Еден од најдобрите репрезентативци на Словенија, Дарко Цингесар ги засили редовите на словенечката екипа, Лока. Искусниот ракометар ќе биде од голема помош за амбициозната екипа која сезоната во словенечката Супер лига ја стартуваше со победа.
Цингесар минатата сезона настапуваше за Тримо Требње, но со раководството на неговиот поранешен клуб не успеа да се договори за продолжување на договорот.
Левото крило на словенечката репрезентација својата кариера ја стартуваше токму во Лока, а беше дел и од екипите на Ерусалем, Горење Велење, Марибор Браник, Загреб и француски Екс.
За репрезентацијата на Словенија има одиграно 86 официјални натпревари и постигнато 141 погодоци. Екипата на Лока е потенцијален кандидат за пласман меѓу најдобрите пет екипи во Супер лигата на Словенија.