Дарко Станиќ на гости кај Металург (ФОТО)

Тимот на Металург последната фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната ги одработува во Стара Пазова, а одигра и два пријателски натпревари против Војводина и Нексе.

На еден од тренинзите на тимот од Автокоманда се појави и едно познато лице. Голманот Дарко Станиќ, клупската легенда, кој сега работи во Владата на Србија, беше гостин на Металург.

Станиќ во Автокоманда помина четири години, а по Металург бранеше и во Бундес лигата и во Катар.