Дарко Кондев не е повеќе член на Металург

Поранешниот кадетскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Кондев, не е повеќе член на Металург.

Левото крило, потекнува од школата на тимот од Автокоманда, спогодбено го раскина договорот и ќе има нов клуб за пролетната полусезона.

Кондев од пред три години беше во првиот тим на металурзите, добиваше минутажа, а дел од кариерата мина и во Тиквеш од Кавадарци.

Минатата полусезона Кондев се бореше со коронавирусот, па предноста на левата крилна позиција добија Дарио Кофилоски и Милан Поповиќ.

Од Металург претходно си заминаа и Бранко Канкараш, Маријан Мариќ и Никола Потиќ.