Дарко Димитриевски стана татко – го доби синчето Давид (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски имаше причина за славење во моментите кога светот се бори со коронавирусот.

Димитриевски стана татко за првпат, откако неговата сопруга Виолета го донесе на свет синчето Давид.

Средниот бек настапува за шпанскиот Синфин Сантандер, а потпиша договор и следната сезона повторно ќе игра во Асобал лигата.

Во Македонија беше дел од Борец, МРК Вардар, Куманово и Металург, а во странство играше за Катар Спортс, шпанските Пуерто Сагунто и Адемар Леон, унгарскиот Чурго и израелскиот Хапоел Ашдод.