Вардар одигра одличен натпревар во третото коло од Лигата на шампиони и ја совлада екипата на Алборг со 30:28 после неколку пресврти на резултатот.
После натпреварот на официјалната прес конферецнија свое видување за натперварот и изданијата на двете екипи имаа тренерот Стефан Мадсен и играчот Јеспер Нилсен. Тие ја честитаа победата и истакнаа дека промашените шанси се клучни за поразот.
„Честитки на Вардар за победата, знаевме дека ќе биде тежок натпревар во оваа арена против клубо со историја. Драго ни е што бевме тука, сите се многу пријателски расположени. Разочарани сме што не освоивме бодови, во поголемиот дел од првото полувреме го контролиравме натперварот. Во продолжение ја изгубивме силата и брзината во напад промашивме многу шанси и три седмерци. Во ваков наптревар не смеете да си дозволите да промашите толку удари“, рече Стефан Мадсен.
Слично видување на натпреварот имаше и Јеспер Нилсен.
„Секогаш е тешко да се игра против Вардар, не е првпат да има ваква борба на нашите натпрeвари. Секогаш е забавно да се игра тука, навивачите се неверојатни. Не игравме на потребното ниво во напад. Вардар направи добра работа, го наруши нашето темпо и играше доста паметно“, рече Јеспер Нилсен.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра повторно на домашен терен против екипата на Монпелје.