Екипата на ГОГ Гудме во неизвесен дуел го совлада словенечкиот шампион Целје со 38:36 (18:19) и со победа го започна настапот во европската елита.
Данскиот шампион, кој во ланската стигна до осминафиналето, победата ја обезбеди во последните пет минути, во кои успеа да се одлепи на два гола разлика.
Во текот на целиот натпревар двете екипи наизменично се менуваа во предност и победникот се решаваше во финишот.
По нерешените 33:33, данскиот шампион со два ола во низа дојде до 35:33 и до крајот ја сочува стекнатат предност.
Најефикасен во победничката екипа беше Ханс Менсинг со седум погодоци. Голем придонес во победата над Целје имаа и Антон Линдског и Линус Песон кои запишаа по шест погодоци.
Кај Целје се истакна Стефан Жабиќ, кој постигна осум погодоци од девет обиди, втор стрелец беше Митја Јанц со шест реализации.