Данскиот првак ГОГ Гудме го реши тренерското прашање во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
На местото на Николај Крикау кој се пресели во германскиот Фленсбург, доаѓа некогашниот дански репрезентативец, Јан Марко Фог.
Фог го водеше составот на Хелсинборг од Шведска од 2010 до 2012 година, а потоа пет сезони беше на клупата на Нордсјеланд.
Една сезона седеше на клупата на нисколигашот Сидхавсверне, пред да направи кратка пауза и сега одново се враќа во елитната конкуренција.
Во играчката кариера Фог настапуваше во екипи како Сиудад Реал, Гумерсбах, Нордхорд, Силкеборг, а кариерата ја заврши во Нордсјеланд.