Данскиот селектор не можеше да ги запре солзите по триумфот над Норвешка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска во последното коло од главната фаза на Европското првенство во Љубљана го одиграа најдобриот натпревар на континенталниот собир, откако во скандинавското дерби за првото место во групата А, го совлада актуелниот европски и светски шампион, селекцијата на Норвешка, со резултат 31:29. Данска со победата против Норвешка го освои првото место во својата група и ја избегна Франција во полуфиналето и за место во финале ќе се бори против Црна Гора. По освоеното прво место во групата А, селекторот на Данска, Јеспер Јенсен не можеше да ги сокрие среќата и солзите радосници за триумфот против Норвешка. Речиси десет години Данска немаше остварено триумф против Норвешка на големите натпреварувања. Последната победа на Данска против Норвешка беше на Европското првенство во Србија (2012).