Данскиот принц – Ласе Сван: Психолог, спринтер, сонува за средба со Федерер…

„Ако е потребно, Ласе ќе постигне гол“, зборува за него данскиот селектор Николај Јакобсен и овие зборови дефинитивно кажуваат многу.

На 14 март Ласе Сван, ветеранот на данската репрезентација го одигра својот последен натпревар за националниот тим. Данскиот состав без проблеми славеше дома во пријателски натпревар против Полска со 30:20, а Ласе симболично го постигна последниот гол на овој натпревар. На крајот од сезоната данскиот ветеран ќе го напушти и Фленсбург каде што помина 14 години. Рускиот „Брз Центар“ откри детали за Сван што не се многу познати за јавноста…

НЕГОВИОТ СОН ОД ДЕТСТВОТО БЕШЕ ДА ЗАИГРА ЗА ФЛЕНСБУРГ

Во текот на кариерата Ласе Сван промени само три клуба. Кариерата ја започна во Сигерслев, а четири години подоцна премина во Гудме со кој два пати стана шампион на Данска. За Фленсбург потпиша во 2008 година.

„Долго време не знаев каде да играм. Изгледаше се добро секаде, а потоа се појавуваше некој проблем кој ја комплицираше ситуацијата. Кога конечно ми беше дозволено да потпишам за Фленсбург почувствував ослободување. Уште од детството сонував да бидам дел од овој тим“, изјави тогаш Ласе.

За 14 години со Фленсбург два пати ја освои Бундеслигата и го освои трофејот во Лигата на шампионите во 2014 година.

ОСВОИ СЕ ВО КАРИЕРАТА

Ласе Сван е еден од шестте ракометари кои ги освоиле петте големи ракометни титули. Ласе беше победник во Лигата на шампионите, Бундеслигата, Светското првенство, Европското првенство и Олимписките игри. Останатите петмина се: Никола Карабатиќ, Тиери Омејер, Даниел Нарсис, Џоел Абати и Никлас Ландин.

ЛАСЕ СВАН Е И ДИПЛОМИРАН ПСИХОЛОГ

Во младоста се запишал на Педагошки факултет планирајќи да стане наставник. Меѓутоа подоцна се специјализирал за психолошки консултант. Како што самиот вели образованието му помогнало да се запознае себеси како ракометар.

„Кога ќе завршам со ракометот, ќе направам психолошка подготовка. Тоа е нешто кое добро го проучував. Веќе имам неколку клиенти на кои ќе им помогнам. Со нетрпение чекам целосно да се посветам на оваа работа“, изјави во една прилика Ласе.

СОНУВА ЗА СРЕДБА СО ФЕДЕРЕР

Како и други ракометари, Ласе во ракометот дојде од фудбалот. Сепак, негов спортски идол е легендарниот швајцарски тенисер Роже Федерер.

„Роџер секогаш бил мој идол. Тој е некој кого го следам и е мој пример. Се што прави прави со елеганциај и со стил каков што нема никој друг“, вели Ласе.

Во слободно време и самиот сака да игра тенис, но и да се потсети на фудбалските вештини, а освен тоа беше познат и како добар спринтер. Во неговите најдобри години 100 метри истрча за 11 секунди.

ДАЛЕКУ ОД КОНТРОВЕРЗИИ

Сумирајќи ја блескавата спортска кариера на Ласе Сван данскиот експерт Бент Нигард си постави за цел да пронајде едно контроверзно нешто во кое е вплеткан Ласе и не успеа. Познат е и како фер играч на теренот, се сеќаваме на минатогодишното Светско рпвенство кога после продолженија и пенали го елиминираа Египет (39:38). Ласе беше стрелец на последниот гол и веднаш потоа му пријде на капитенот на Египет Ахмед Ел-Ахмар за да го утеши.