Данскиот Орхус прв гостин во Битола, двобојот со „лисиците“ во ноември

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во Виена ги добија противниците во групната фаза на Лигата на Европа.

Избраниците на Ларс Валтер ќе играат против германскиот Фуксе Берлин, данскиот Орхус, некогашниот европски првак Бидасоа Ирун, украинскиот Мотор Запорожје и потугалскиот Агуаш Санташ.

Во првото коло битолчани на домашен терен ќе играат против данскиот тим кој играше квалификации и го елиминира шведскиот Кристијанштад.

Потоа следуваат две гостувања за битолчани – во Португалија и во Германија, каде што како домаќин игра украинскиот Мотор Запорожје. Групната фаза ќе заврши догодина со натпревар на домашен терен против тимот од Запорожје.

Сепак овој распоред во следните денови треба да биде потврден од страна на ЕХФ, а можни се измени по барања на клубовите и ТВ куќите што ќе ги пренесуваат натпреварите.

Лига на Европа, 2022/23, распоред:

25.10.2022 Еурофарм Пелистер – Орхус
01.11.2022 Агуаш Санташ – Еурофарм Пелистер
22.11.2022 Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер
29.11.2022 Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
06.12.2022 Бидасоа Ирун – Еурофарм Пелистер
13.12.2022 Еурофарм Пелистер – Бидасоа Ирун
07.02.2022 Орхус – Еурофарм Пелистер
14.02.2023 Еурофарм Пелистер – Агуаш Санташ
21.02.2023 Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
28.02.2023 Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје

Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во ЛЕ – ќе игра против Фуксе Берлин, Бидасоа, Мотор…