Aктуелниот олимписки и светски првак Данска триумфираше на турнирот од „Златната лига“, откако во финалето ја победи Франција со 31-30.
Селекторот Николај Јакобсен иако не може да смета на комплетниот ростер, сепак секогаш има по некој играч што ќе блесне кога не се очекува од него.
Така на дуелот со Франција, најдобар беше Дамгард, кој даде десет голови.
Во вториот натпревар од турнирот, Норвешка немаше милост и славеше над Србија со убедливи 38-28. Предеводник на домаќинот на ЕП беше Сагосен со девет погодоци.