Светскиот првак Данска ги започна подготовките за натпреварите против Македонија во квалификациите за ЕП 2022.
Селекторот Николај Јакобсен ќе смета на 18 ракометари за овој двомеч, а се соочи со проблеми на пивотменската позиција.
Најпрво остана без услугите на позитивниот на коронавирус Магнус Саугструп од Алборг, а потоа и без неговата замена Рене Антонсен, кој се повреди викендов.
Затоа Јакобсен повика нов играч, а станунва збор за ракометарот на Силкеборг, Александар Лингард. Тој ќе им прави друштво на Тофт Хансен од ПСЖ и Халд од Фленсбург.
Првиот меч меѓу Македонија и Данска се игра на 11 март во Скопје, додека вториот е во Алборг на 14 март.