Селекцијата на Данска остана без планираниот пријателски натпревар пред настапот на Европското првенство и дуелите со Македонија, Словенија и Црна Гора.
Француската федерација реши да го откаже турнирот од Златната лига што требаше да се игра во Шамбери, па Данска ќе остане дома и нема да игра против Египет.
Нашиот ривал на континенталниот собир ќе има пријателски дуел со Норвешка на 6 јануари, тој веројатно наместо во Франција ќе го игра на домашно тло.
Затоа што и Норвешка требаше да игра на Златната лига два меча во Франција, и тие останаа без противник, па веројатно ќе биде договорен и втор натпревар против Данска.
По многуте откажувања кај најсилните репрезентации поради повреди и коронавирусот, Данска сега е главен кандидат за златото на ЕП.