Репрезентациите на Данска во машка и Германија во женска конкуренција си заминуваат од Варна со златни медали од Европското првенство во ракомет на песок.
Данците имаа тежок напревар во финалето против Хрватска, но успеаја да го добијат овој дуел со 2:0 така што се изборија за трофејот. Во битката за 3. Место Русија дојде до триумф над Шпанија со 2:1.
Кај дамите Данска не успеа да го повтори успехот на мажите бидејќи Германките беа подобри во финалето со 2:0. Бронзата тука им припадна на Шпанките кои победија со 2:0 против Норвешка.
Македонија немаше свои селекции на ова натпреварување кај источниот сосед.