Светскиот првак Данска е на прагот да постави нов рекорд на Светскиот првенства. Данска последниот пораз на Светско првенство го има претрпено токму од Унгарија, ривалот во четвртфиналето. Тоа беше на 22 јануари 2017 година во Албервил, Франција, Унгарците победија со 27:25.
Данскиот тим воедно има серија од 25 натпревари без пораз, а иста серија има и Франција во периодот од 2015-2019 година. Серија од 19 победи светски првенства имаат и репрезентациите на Русија (1995 – 1999) и Шведска (1999 – 2003).
Низата без пораз на актуелниот светски шампион Данска трае и може да продолжи особено што Данците се апсолутни фаворити во дуелот со Унгарија во Стокхолм. Данска има 23 победи и 2 нерешени резултати, со Египет (четвртфинале 2021 година и победа на пенали) и со Хрватска (во групна фаза 2023 година).
Данскиот тим освои две титули светски првак на последните два шампионати (победени беа Норвешка во финалето 2019 и Шведска во финалето 2021), а оваа серија е остварена под водство на селекторот Николај Јакобсен, кој репрезентацијата ја презема во март 2017 година.
Натпреварот Данска – Унгарија се игра денеска во Стокхолм со почеток во 18:00 часот.