Машката младинска селекција на Данска заврши во ТОП 5 на СП за младинци 11 пат во историјата, откако славеше против Португалија со 30-25.
Левиот бек Клове и десното крило Патрик Болдсен комбинираа девет погодоци во првиот дел за водство од 16-13 на пауза.
Во вториот дел влезе данскиот голман Микел Локвист, кој го заврши мечот со 59% одбранети удари, им фати и три пенали на португалските ракометари.
Немаше ниту време, а Португалците немаа ниту сили да направат камбек и на крајот мораа да се задоволат со шестото место на СП.
Во битката за трето место играат Србија и Исланд, додека за златниот медал на Мундијалот ќе се соочат Унгарија и домаќинот Германија.