Данска го сруши рускиот сон за полуфинале

Одлчувачкиот дуел за пласман во полуфиналето од групата 1 го доби Данска која славеше против Русија со 30:23 и обезбеди пласман во натпреварите во борба за медалите.

Во најголемиот дел од натпреварот домаќинот на првенството имаше контрола на теренот и беше во водство, после 3:3, Данска поведе 5:3 и тоа водство го одржуваше во продолжението.

Русија имаше многу проблеми во нападите против агресивната данска одбрана, а кога ќе стигнеа до добра ситуација Русинките беа сопрени од Сандра Тофт која бранеше одлично во најважните моменти.

До крајот на првиот дел Данска со ефикасна игра стигна до уште повисоко водство од четири гола кое остана и на полувремето кога репрезентативките на Данска имаа 13:9. На крајот се покажа дека оваа предност од полувремето беше клучна за победникот.

Во второто полувреме Данска одигра уште подобро и продолжи да го контролира натпреварот без да им даде шанса на Русинките. Во 45 минута беше 24:19 и беше на добар пат кон остварување конечна победа. Веќе во 55 минута беше 28:22 и конечниот победник се знаеше, а до крајот Данска рутински одработи за триумф.

Најефикасна во составот на Данска беше Мие Хојлунд со седум гола, а по четири гола постигнаа Бидструп и Јоргенсен. Уште еднаш Сандра Тофт беше една од најзаслужните за победата на Данска со 14 интервенции. За Русија, Дарија Дмитриева беше убедливо најефикасна во својот тим со девет гола.

Репрезентацијата на Норвешка продолжи со одличните пратии на првенството и оствари уште една победа за пласман во полуфиналето со сите победи. Норвешка ја совлада Унгарија со 32:21, а уште по првиот дел имаше висока предност од 17:9.

Нјефикасна со составот на Норвешка беше Нора Мерк со седум гола, а по пет пати погодија Херем и Скогранд. Кај Унгарија најмногу се истакна Ковачич со седум гола, а Клујбер постигна пет гола.