Некогашното десно крило на Вардар, Данил Шишкарев, кој освои две титули во ЛШ со македонскиот тим, ќе има нов клуб во новата сезона.
Според рускиот портал „Брз Центар“, Шишкарев по седум сезони минати во странство би требало да се врати во шампионот Чеховски Медведи.
Рускиот репрезентативец кој има 33 години ја почна кариерата во Динамо Астрахан, пет сезони играше за „мечките“, шест сезони беше дел од Вардар, а последната година ја мина во Веспрем.
За Шишкарев имаше шпекулации дека би можел да се пресели во Порто и во Кил, но двете екипи веќе ги имаат затворено ростерите за следната сезона.