Искусниот македонски чувар на мрежата, Даниел Дупјачанец, останува во Франција, но во продолжение на сезоната ќе има друг клуб.
Станува збор за тимот на Курнон Доверњ, кој се натпреварува во Третата лига и предводен од македонскиот стратег Марјан Колев. Дупјачанец во Курнон доаѓа од второлигашот Вилербан каде го мина првиот дел од сезоната и имаше неколку забележителни партии.
Курнон за Дупјачанец ќе биде шести клуб во неговата интернационална кариера. Голманот кој е по потекло од Прилеп, настапуваше за екипите на Алуминиум Арак од Иран, косовските Беса и Приштина, швајцарски Кадетен Шафхаузен, а последен странски клуб за 38-годишниот голман беше полскиот суперлигаш, Азоти Пулави.
Во Македонија беше дел од Тутунски комбинат, Младост Богданци, како и од Металург. Токму со екипата на Металург во 2019 година го освои Куп трофејот на Македонија.