Даниело Божиновски и Виктор Начевски се втората судиска двојка од Македонија што ќе може да суди на натпреварувања под капата на Светската ракометна федерација.
По Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои одамнаа имаат ИХФ значка, Божиновски и Начевски ќе бидат втората двојка.
Божиновски и Начевски полагаа за ИХФ значката на натпреварите од Светското првенство во Македонија.
Очигледно дека со отсуденото во Скопје ги задоволија високите критериуми на судиската комисија во ИХФ, па сега може да се подготвуваат за новата етапа во нивните кариери.
Заедно со уште седум двојки од целиот свет, Божиновски и Начевски полагаа за ИХФ значка, а Македонците веќе од сезоната 2022/23 ќе можат да конкурираат за СП во сите конкуренции и категории, како и за сите други настани под капата на Светската ракометна федерација.