Во денешниот пријателски натпревар на Еурофарм Пелистер против репрезентацијата на Саудиска Арабија деби настап во дресот на битолскиот тим имаше новиот член Себастијан Хенеберг.
Левиот бек, кој во Еурофарм Пелистер пристигна од Алборг, се покажа како вистинско освежување во тимот на Ларс Валтер.
Данецот во натпреварот против Саудиска Арабија одигра на висина на задачата и своите квалитети освен во нападот ги покажа и во одбраната.
За Еурофарм Пелистер натпреварот против репрезентацијата на Јан Питлик беше квалитетен тест пред првиот натпревар од Лига на Европа.
Избраниците на Ларс Валтер на 25 октомври во Битола ќе го пречекаат дански Архус.
Битолчани триумфално против Саудиска Арабија пред стартот на ЛЕ