Европската ракометна федерација го објави клупскиот ранкинг и во женска конкуренија за наредната 2022/23 година. Македонија нема големи причини за задоволство со оглед на големиот пад од цели 12 позиции.
Сега дамите се наоѓаат на 27 позиција и се во друштво на Израел, Кипар, Луксембург, Косово, а нема да биде чудо за некоја година да паднеме уште повеќе и да имаме право на пријава на екипи само во Европскиот Куп.
За следната сезона, Македонија, која има коефициент 0,67, ќе има едно место во Лигата на Европа и три во Европскиот Куп.
На врвот останува Унгарија, со коефициент 157, 67, додека голем подем имаше Франција од петтото на второто место.