После паузата поради ЕХФ неделата ракометарките се враќаат на терен и денеска ќе бидат одиграни натпреварите од 5. коло. На програмата се четири средби со оглед на тоа што два дуели со одложени.
Како што е веќе познато средбата Овче Поле СУ – Деспина мораше да биде одложена бидејќи дел од ракометарките на тимот од Прилеп се позитивни на Ковид 19. Поради ова тимот е во изолација и неговите средби засега се одложени, а дополнително ќе се знае новиот термин.
Што се однесува до средбата Чаир-Вардар таа исто така е одложена, но поради учеството на чаирчанки во Европскиот куп. Чаир утре игра против составот на Наиса.
Инаку денеска Куманово и Металург влегуваат како фаворити на средбите против Шампион и Кузман Вардар, додека на другите две средби се очекува да има неизвесност.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
ПЕТОК, 9 ОКТОМВРИ 2020
16:00ч
ПЕЛИСТЕР 2012 – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
ШАМПИОН – КУМАНОВО
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
КУЗМАН ВАРДАР – МЕТАЛУРГ
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
18:00ч
СПАРТАК – СТРУЖАНКА
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
ЧАИР – ВАРДАР
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА