По чудната одлука на Ракометната федерација на Македонија минатата година да го смени системот на натпреварување во Женската лига за оваа сезона, конечно женските тимови се враќаат на терен по два и пол месеци.
„Скратените“ плеј-оф и плеј-аут за шест кола, започнуваат викендов, но разигрувањето за опстанок нема да има важност бидејќи активна е само една конкуренција кај дамите.
Но затоа се очекува да биде интересна битката за титула и за место во Европа за следната сезона.
Дербито се игра во Скопје меѓу Вардар и Металург в сабота од 17:00 часот, додека интересно ќе биде и на останатите дуели од разигрувањето за титула. Шампионот Ѓорче Петров гостува во Битола кај Пелистер.
Женска лига, плеј-оф, 1 коло:
11/3, 14:30, Куманово – Овче Поле СУ
11/3, 17:00, Вардар – Металург
12/3, 13:00, Чаир – Стружанка
12/3, 18:00, Пелистер – Ѓорче Петров
Женска лига, плеј-аут, 1 коло:
11/3, 13:00, Шампион – Астибо
11/3, 14:00, Гевгелија – Кузман Вардар
11/3, 17:30, Скопје – Деспина
Спартак слоб.