Дамите пред клучните елиминации, остануваат само четири до крај

Репрезентациите кои си обезбедија место во четврт-финалето во женска конкуренција ноќва ќе имаат силни дуели на кои ќе треба да се борат за пласман во полуфиналето и останување до недела во Токио.

Сите се во трка по што е можно подобар пласман и подобар резултат, но јасно е дека и онаму каде што има изразити фаворити мора да ја одработат задачата на максимално високо ниво за да стигнат до посакуваното.

Први се Русинките против Црна Гора, потоа Норвежанките против Унгарија, па Шведска против Јужна Кореја. Русија, Норвешка и Шведска се фаворити, но тоа ќе мора да се потврди на терен пред да биде добиена потврда за место во полуфиналето.

Затоа последниот дуел ќе биде максимално возбудлив. Франција и Холандија влагаат со еднакви шанси и секој погодок ќе биде максимално важен за успех.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ (ЖЕНИ)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

СРЕДА, 4 АВГУСТ

02:30ч

ЦРНА ГОРА – РУСИЈА

06:15ч

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА

10:00ч

ШВЕДСКА – ЈУЖНА КОРЕЈА

13:45ч

ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА