Дамите од Металург убедливо ја отворија пролетната полуетапа во Женската лига

Ракометарките на Металург забележаа убедлива на победа на дуелот против Пелистер на стартот на пролетниот дел од сезоната со 40:20.

Победникот беше одлучен уште после 30 минути игра. Во првиот дел домашните доминираа и создадоа висока предност така што без поголеми проблеми дојдоа до позитива од 11 гола така што беше јасно дека на овој дуел нема да има поголеми проблеми за победа.

После 21:10 на одморот во продолжението требаше само да се одработи на ниво и да се зачува водството, но истото беше и зголемено така што на крајот беше дури 20 позитива за домашните.

Металург со ова продолжи со победите и останува на втората позиција со 33 поени и четири бода помалку од лидерот Куманово.

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР               40:20 (21:10)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Тодоров, Ѓорѓиевска, Владева 1, Ивановска 3, Гулицоска 2, Тасевска 12, Смајлоска 4, Арсениевска 8, Младеновска 2, Темелковска, Дамчевска 2, Божиновска 3, Ристовска, Петковска 1, Николиќ 2.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 4 мин.

ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Тодоровска, Наумовска 1, Дишковска 2, Станоевска, Босиловска 2, Срезовска, Бошевска, Кајческа 1, Милосављевиќ 1, Спирковска, Николоска, Белевска 5, Јанкуловска 8, Етемовска.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ26251076
2ЧАИР26221367
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА26221367
4ВАРДАР26201561
5КУМАНОВО26190757
6СТРУЖАНКА261311240
7ПЕЛИСТЕР 2012261211337
8СКОПЈЕ261031333
9ДЕСПИНА261011531
10СПАРТАК26911628
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.26541719
12АСТИБО26402212
13ШАМПИОН2621237