Дамите од Металург победнички во Прилеп

Ракометарките на Металург знаеја како да си обезбедат бодови на гостувањето во Прилеп кај незгодниот состав на Деспина и да победат со 29:23 со што остануваат и понатаму во водечката тројка од Супер женската лига.

Средбата почна со подобра игра од домашната екипа. Деспина влезе подобро во натпреварот и поведе, но минималното водство не гарантираше мирно продолжение на дуелот, па Металург брзо успеа да го сврти натпреварот во своја полза.

Во првите 30 минути водството одеше највисоко до четири гола. Во еден момент Металург водеше со 11:7, но тоа не даваше можност за опуштање така што остана неизвесноста до крајот на првиот дел.

На одмор се замина со 13:11 во корист на Металург, па потоа во вториот дел од средбата работите тргнаа во поинаков правец.

Почетокот на вториот дел мина во знакот на гостинките кои одиграа подобро. Брзо почнаа да го зголемуваат водството и постојано беа во предност поголема од четири гола. Во ниту еден момент победата не беше загрозена така што триумфот беше сосема заслужен за гостинскиот тим.

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ                23:29 (11:13)

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Гулеска, Рипилоска, Камческа 7, Димоска, Цветкоска 2, Спиркоска, Димитрова 1, Еленин, Цаневска, Седлоска 5, Аризанова, Конеска 5, Филипоска 3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Ѓорѓиевска 1, Владева, Ивановска 2, Гулиоска 3, Тасевска 4, Смајлоска, Арсениевска 3, Младеновска, Алексоска 3, Дамчевска 3, Божиновска 6, Петковска, Николиќ 2.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 14 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080