Во новото коло од Женската лига најинтересниот натпревар се очекува да биде во Прилеп каде што тимот на Деспина го пречекува Чаир. Ова е средба која е меѓу состав кој е непоразен досега. Деспина има три победи, а Чаир со само една победа од три средби мора да надоместува.
Според тоа како се одвиваат работите oва ќе биде неизвесен дуел на кој ќе има штода се види и од двете страни. Секако тоа е најава за дуел на кој ќе има возбудувања, а и двата тима имаат свои шанси за победа.
Другите три екипи кои се непоразени досега се фаворити против своите ривали. Металург очекува три бода против Шампион, Вардар против Пелистер, а Куманово против Овче Поле.
И тие исто како Деспина играат на домашен терен.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО
12:00ч
МЕТАЛУРГ – ШАМПИОН
Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
15:00ч
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2012
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Сивлана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
15:30ч
СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА
Сала: „Нико Нестор“ воСтруга. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
18:00ч
КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.
18:30ч
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – СПАРТАК
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Блаже Михајлов и Благоја Кимовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
19:30ч
ДЕСПИНА – ЧАИР
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благоја Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
КУЗМАН ВАРДАР е слободен