Металург е единствениот наш клуб кој може да се пофали од почетокот на сезонава дека игра ракомет и дома, во Суперлигата и во Европа. Тие веќе и ја исполнија првата цел – пласман во групната фаза во Лига Европа, откако ги минаа двете квалификациски коло.
Тимот од Автокоманда секогаш високо цели, но исторемено не потценува ниту еден противник и за него подеднакво се важни и дуелите во Суперлигата, како и оние во Европа.
„Го чекаме плеј-офот секако, но ситуацијата со коронавирусот направи да ни недостасува ракометот толку многу, желни сме за ракомет. Предолга беше паузата и сега секој меч е мотив, без разлика дали е во македонска лига или Европа. Видете Вардар и Пелистер во какви проблеми се, не можат да одиграат натпревар. Чекаат СЕХА да почне, во ЛШ се одложуваат натпревари, и верувам дека им е досадно и дека се во некоја страшна тренинг монотонија. Колку добро и да се тренира, натпреварите се оние кои те држат. Одлично е што играме и домашно првенство без разлика со кој ривал, и квалификациите, односно сега Лига Европа“, потенцира организаторот на играта Марко Тарабокија.
Целосното интервју со Тарабокија може да го прочитате во продолжение.
ИНТЕРВЈУ МАРКО ТАРАБОКИЈА: Страста за ракометот во Македонија ги „влече“ хрватските играчи и тренери