Според унгарскиот портал „Спортдомпер“, македонската снаа Едуарда Аморим Талеска, би можела следната сезона да се пресели во рускиот шампион, Ростов Дон.
На позиција лев бек, Ростов Дон моментално ги има Ана Сен и Владлена Бобровникова, а би можела да им се придружи и Бразилката. Иако Аморим Талеска најави дека ќе ја заврши кариерата, сепак таа би можела да продолжи во Русија.
Аморим Талеска својата интернационална кариера ја започна во Кометал Ѓорче Петров. По распадот на поранешниот европски шампион од Македонија замина во Унгарија и потпиша за Ѓер.
Веќе 12 години го носи дресот на Ѓер, а за репрезентацијата на Бразил има одиграно 204 натпревари и постигнато 677 голови